Зеленски и Писториус: Германија и обезбеди на Украина 16 отсто од вкупната меѓународна помош

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека за време на руската агресија, Германија и обезбедила на Украина 16 отсто од вкупната меѓународна помош.

„Ние сме многу благодарни за германската помош за Украина. Генерално, од почетокот на целосната инвазија, Германија и помага на Украина. Нејзиниот придонес е околу 16 отсто од вкупната помош што ја доби Украина. Ова се многу сериозни бројки“ – рече Зеленски за време на средбата со германскиот министер за одбрана – Борис Писториус во Киев, пренесува „Укринформ“.

Тој, исто така, се заблагодари на Германија за нејзината помош во заштитата на украинското небо и развојот на воздушната одбрана.

Поврзани новости