Украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот француски колега Емануел Макрон денес телефонски разговараа за функционирањето на морскиот коридор што го постави Киев за безбедно движење на бродовите откако Москва излезе од историскиот договор за жито, објавија украинските медиуми.
Нивниот телефонски повик дојде во пресрет на самитот во Русија меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, кој сака да го оживее договорот за жито.
-Разговаравме за начините да се обезбеди функционирање на коридорот за жито и да се зајакне безбедноста на регионот Одеса, објави рече Зеленски на социјалните мрежи.
Зеленски му се заблагодари на Макрон за клучната воена помош на Франција за Киев и рече дека двајцата разговарале за следните пакети.
Украина оваа недела соопшти дека уште четири бродови поминале низ нејзиниот привремен поморски коридор во Црното Море, кој го постави минатиот месец за да обезбеди безбедна пловидба.