Зеленски го отпушти шефот на украинската армија

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави разрешување на врховниот украински командант, генерал Валериј Залужни.

Во објава на Телеграм, испратена непосредно пред официјалното соопштение, под фотографијата на која е со Залужни, Зеленски напиша: „Се сретнав со генералот Валериј Залужни“. Му се заблагодарив за двете години бранење на Украина“.

„Разговаравме каков вид на обнова им треба на вооружените сили на Украина. Разговаравме и кој би можел да биде во обновеното раководство на вооружените сили на Украина. Сега е време за такво обновување“, се наведува понатаму.

„Задачите од 2022 година се различни од оние од 2024 година“, рекол самиот Залужни, пренесува Си-Ен-Ен.

Поврзани новости