Зеленски го освојува и парламентот, неговата партија води на предвремените избори во Украина

by fokus

Партијата на претседателот Володимир Зеленски, Слуга на народот води на предвремените парламентарни избори кои се одржаа вчера во Украина, со 43,9 отсто од гласовите, покажуваат прелиминарните резултати.

Опозициската Платформа е на второ место, а партијата на поранешниот претседател Петро Порошенко е на трето место.

Партијата на поранешнта премиерка Јулија Тимошенко е четврта, а на петто место е партијата на рок ѕвездата Свитлосав Вакарчук.

Само 225 од 424 места во Парламентот се избираат од партиски листи, додека другите се самостојни мандати чија распределба би можела да се разликува од јавното мислење.

Зеленски, кој во мај стана претседател на Украина, распиша предвремени избори затоа што мнозинството во Парламентот беа негови противници кои ги ограничуваа неговите можности за спроведување реформи.

Поврзани новости