Претседателот на Украина Володимир Зеленски даде интервју за магазинот „Економист“ во кое изјави зошто е важно да се запре рускиот лидер Владимир Путин.
Во интервјуто, Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивната реакција на руската инвазија, истакнувајќи дека Велика Британија дефинитивно е на украинската страна.
-Да бидам искрен, Џонсон е лидер кој помага повеќе – рече Зеленски кога новинар на „Економист“ му кажа дека британскиот премиер сака да испрати оружје повеќе од францускиот претседател Емануел Макрон.
Истовремено, тој остро го критикуваше Макрон за неуспехот да обезбеди воена поддршка за Украина.
-Зошто? Затоа што се плашат од Русија. И тоа е тоа. А оние кои први велат дека ќе помогнат, први се плашат – рече тој.