545
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека околу 60 лица загинале во руското бомбардирање на училиште во источното село Билохоривка, кои таму се криеле од гранатирање.
-Резултатот од рускиот напад на Билохоривка во регионот на Луганск е 60 убиени цивили кои се криеле во училиштето, барајќи засолниште од гранатирање – рече Зеленски во видео-обраќање.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „ужаснат” од бомбардирањето на училиштето, изјави неговиот портпарол.
-Цивилите и цивилната инфраструктура секогаш треба да бидат поштедени за време на војната, додавајќи дека нападот повторно потсетува дека во оваа војна, како и во многу други конфликти, цивилите ја плаќаат највисоката цена – рече тој.