812
Претседателот на Украина, Володомир Зеленски веднаш по победата на Украина на Евровизија најави дека ќе дадат се од себе наредна година манифестацијата да се одржи во Мариупол.
-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа!
Следната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија! По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен.
Ќе дадеме се од себе да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во украински Мариупол.
Ослободен, мирен, повторно изграден!
Ви благодариме што победивте со оркестарот Калуш и на сите што гласаа за нас!
Сигурен сум дека нашиот победнички акорд во битката со непријателот не е далеку, напиша Зеленски на Фејсбук.