99
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска е во Осло, на средба со лидерите на пет нордиски земји, што се меѓу главните донатори на Украина во војната против Русија, соопштија од норвешката влада.
Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе изјави дека му посакал на Зеленски „топло добредојде“ и додаде дека Норвешка „ќе продолжи да ја поддржува одбраната на Украина“.
Зеленски во изминативе денови беше во официјална посета на Вашингтон, каде се сретна и со американскиот претседател Џо Бајден.