Зеленски е подготвен за примирје ако Украина се приклучи на НАТО со територијата што ја контролира

by Фокус

Украинскиот претседател Волoдoмир Зеленски навести дека може да се постигне договор за прекин на огнот доколку украинската територија, која сега е под негова контрола, биде земена „под чадорот на НАТО“, што ќе му овозможи да преговара за враќање на остатокот од територијата на дипломатски начин.

Во интервју за „Скај њуз“, Зеленски беше замолен да одговори на медиумските извештаи дека еден од плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да стави крај на војната би можел да биде Киев да и ги предаде на Москва териториите што ги окупира, во замена за пристапување на Украина во НАТО.

Зеленски рече дека членството во НАТО ќе мора да им се понуди на неокупираните делови на Украина, за да се стави крај на „жешката фаза на војната“, и дека со поканата за членство НАТО ќе мора да ги признае меѓународно признатите граници на Украина.

-Ако сакаме да ја запреме жешката фаза на војната, треба да ја земеме под чадорот на НАТО територијата на Украина што ја имаме под наша контрола. Треба да го направиме тоа брзо, а потоа Украина може да ја врати (окупираната) територија преку дипломатски средства – рече тој.

Поврзани новости