Зеленски до Украинците: Останете силни и смирени, ќе победиме

by fokus

Украинскиот претседател Володомир Зеленски вонредно обраќање рече дека во цела Украина е воведена вонредна состојба и ги повика граѓаните да останат смирени.

Во краткото видео обраќање објавено од Министерството за одбрана на Украина, Зеленски рече дека Русија извршила ракетни напади врз украинската инфраструктура и украинските граничари, при што се слушнале експлозии во многу градови низ земјата.

Тој додаде дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден, а на Украинците им порача да останат во своите домови и да бидат смирени.

– Војската функционира. Јас ќе бидам со вас цело време. Останете силни. Ќе победиме затоа што сме Украина. Слава на Украина, рече Зеленски.

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба денеска дека целта на руските напади е „уништување на украинската држава, окупација на украинска територија и воспоставување окупациска контрола“.

-Руската армија врши напади врз мирни украински градови од различни правци, вклучително и привремено окупираниот Донбас и Крим, како и североисточниот регион. Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ОН и основните норми и принципи, се вели во соопштението на Кулеба.

Кулеба додаде дека Украина го активирала правото на самоодбрана во согласност со меѓународното право, дека борбениот дух на армијата е висок и дека „бранителите се подготвени да дадат решителен отпор на државата агресор“.

Поврзани новости