Украинскиот претседател Володимир Зеленски, денеска разговараше со новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, што е негова прва странска посета откако е назначен на функцијата генерален секретар на Алијансата.
– Денеска новиот шеф на НАТО Марк Руте за прв пат го посети Киев – веднаш по добивањето на овластувањата на генералниот секретар на Алијансата. Јасно е колку е важно целосно да се спроведе секој наш договор за одбранбена поддршка што е потребна за да се стави крај на оваа војна (со Русија) – рече Зеленски по разговорот со Рута, пренесе Укринформ.
– Гледаме дека една од главните причини за недостатокот на безбедност на небото на Украина, особено во близина на границите на НАТО, е отсуството на одлуки за заедничка работа и одбрана. Она што функционира на небото на Блискиот Исток и помага во одбраната на Израел, може да функционира и на небото во нашиот дел од Европа – рече Зеленски.
Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да ги убедува своите партнери да воведат средства за ефикасна заштита на небото.
Зеленски додаде дека „прашањето за покана на Украина во НАТО е постојано на преговарачка маса“.
Како што рече тој, со Руте разговарал за деталите за влезот на Украина во Алијансата.