Зеленски: Диверзанти влегоа во Киев, јас сум им цел број еден

by fokus

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски вечерва изјави дека верува оти руски диверзантски групи влегле во главниот град Киев, објави Си-Ен-Ен.

-Според нашите информации, непријателот ме означи како цел бр. 1, моето семејство, како цел бр. 2. Тие сакаат политички да ја уништат Украина со уништување на шефот на државата. Имаме информации дека непријателските диверзантски групи влегле во Киев, рече Зеленски.

Тој додаде дека останува во владиното седиште заедно со останатите.

Поврзани новости