67
Претседателот на Украина – Володимир Зеленски, кој доцна синоќа пристигна во Тирана, главниот град на Албанија, ќе учествува на Самитот Украина-Југоисточна Европа и ќе разговара со премиерот на Албанија – Еди Рама, објави тој на Телеграм.
„Денес работам во Тирана. Ќе се сретнам со бескомпромисниот пријател на Украина, Еди Рама и ќе учествувам на самитот Украина-Југоисточна Европа“, рече претседателот Зеленски.
Зеленски во Албанија пристигна по средбата во Саудиска Арабија со принцот престолонаследник Мохамед бин Салман каде што двајцата разговарале за мировната формула на Киев за ставање крај на конфликтот, за текот на руската двегодишна инвазија на Украина, истакнувајќи ги напорите на кралството да најде решение за ставање крај на војната.