Зеленски: Бог има украинско знаме на рамото

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Велигден ги повика граѓаните да се обединат во молитва едни за други и за војниците на првата линија на фронтот кажувајќи дека „Бог кој има украинско знаме на рамото“ ќе доведе до живот победувајќи ја смртта.

Да се молиме едни за други. Кога ќе се приближиме едни до други, повеќе не сме странци“, кажа Зеленски, облечен во традиционална украинска кошула во видеопорака објавена на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред 1000 години старата катедрала Света Софија во Киев, духовен и културен споменик на верата во таа земја, Зеленски кажа дека Украина веќе 802 дена се бори против Русија за победа.

„А ние веруваме: Бог има украинско знаме на рамото. Значи, со таков сојузник животот дефинитивно ќе ја победи смртта“, додаде украинскиот претседател.

Поврзани новости