Зеленски: Безбедносните гаранции се она што го обединува апсолутното мнозинство во светот

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека безбедносните гаранции го обединуваат апсолутното мнозинство во светот и гарантираат дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе нема да може никого да измами.

– Безбедносните гаранции се она што го обединува апсолутното мнозинство. И на Европа, Америка и на сите наши партнери во светот им треба заедничко разбирање за тоа како да гарантираат дека Путин повеќе нема да може никого да измами и дека Русија нема да може да им донесе смрт на другите народи – сите, од Украина и Европа до Сирија и земјите од Блискиот Исток и Африка – рече Зеленски во вечерното видео обраќање, пренесува украинскиот Интерфакс.

Тој истакна дека во изминатите 30 години имало „многу уништувања и смртни случаи, за кои вината е единствено на Русија, руската војска, нивните специјални служби, нивните платеници“.

Поврзани новости