Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска се заблагодари на секоја земја што склучила билатерален безбедносен договор со Киев и посочи дека „Украина заслужува покана за членство во НАТО“.
– Украина смета дека е историски точно дека регионот на Балтичкото Море конечно доби историска шанса за стабилна безбедност откако Финска и Шведска се приклучија на НАТО. Истата безбедност е потребна и во регионот на Црното Море. Како демократска нација која ги брани заедничките вредности на Алијансата, Украина заслужува покана за членство во НАТО, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со литванскиот и полскиот претседател Гитанас Наусед и Анджеј Дуда во Вилнус.
Како што е наведено во прес-службата на украинскиот претседател, Зеленски побарал Европската унија да ја прими Украина во јуни оваа година.
– Јуни е вистинско време за почеток на преговорите за пристапување на Украина во Европската унија. На Европа и е потребен овој сигнал за Путин да не биде во искушение да мисли дека Европа покажува слабост – рече Зеленски.
Тој денеска во Вилнус разговараше и со претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок за подготовката на Глобалниот самит за мир и понуди да се приклучи на Декларацијата на Г7 од Вилнус за поддршка на Украина.
Тој му се заблагодари на народот на Унгарија за поддршката на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.