433
Украинскиот претседател Володимир Зеленски попладнево, на самиот почеток на дводневниот самит на шефовите на држави и влади на ЕУ, ја повика Унијата да стави крај на внатрешните „кавги“, за кои рече дека само и помагаат на Москва, и ја повика да усвои повеќе санкции против Русија.
-Мора да се стави крај на сите кавги во Европа, внатрешни спорови кои само ја охрабруваат Русија да изврши зголемен притисок врз вас, рече Зеленски во видео обраќањето до лидерите на ЕУ во Брисел.
„Време е да не се делиме, да не бидеме посебни делови, туку една целина“, порача Зеленски.