Пред Советот за безбедност на Обединетите нации, украинскиот претседател Володомир Зеленски повика на итно дејствување по информациите за смртта на цивили во градот Буча.
Тој во своето обраќање рече дека руските сили убивале цели семејства, возрасни луѓе и деца и побара одговорност за тоа, а објави и видео од наводни руски злосторства во повеќе градови низ Украина.
Зеленски пред Обединетите нации побара и Русија да биде исфрлена од Советот за безбедност.
Рускиот претставник во Обединетите нации Василиј Небензја, пак, ги отфрли обвинувањата и повика лично Зеленски да преземе чекори за запирање на војната.
Инаку, телата на украинските цивили лежеа на улицата во Буча најмалку десет дена пред градот да биде вратен под украинска контрола, соопшти британското Министерство за одбрана во новиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.
Разузнавањето наведува дека анализата на снимката од 21 март 2022 година, идентификувала најмалку осум тела кои лежат на улица.