Зеленски: Ако се раѓаат деца во засолништа, тогаш непријателот нема шанси

by fokus

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се обрати преку видео порака и рече дека Украинците се подготвени да се борат онолку колку што е потребно и дека руските окупатори никогаш нема да можат да го победат овој народ.

Тој додаде дека забележал солидарност меѓу Украинците и дека светот конечно видел колку се моќни Украинците.

-Ќе се бориме онолку колку што е потребно за да се ослободи државата. Ако веќе се раѓаат деца во засолништата, дури и кога гранатирањето продолжува, тогаш непријателот нема шанси во оваа несомнено популарна војна – рече тој.

Тој ги поздрави предлозите на Турција и Азербејџан за мировни преговори со Русија и го издвои неговиот разговор со италијанскиот премиер Марио Драги како клучен за договорите за поголема меѓународна поддршка на Украина.

Зеленски притоа ги поздрави чекорите за исклучување на Русија од „глобалната финансиска цивилизација“.

-Нашите дипломати деноноќно се бореа за да ги инспирираат сите европски земји да се договорат за силна и правична одлука за исклучување на Русија од меѓународната меѓубанкарска мрежа. И ние ја имаме оваа победа. Ова се милијарди и милијарди загуби за Русија- опиплива цена за оваа гнасна инвазија на нашата земја. Украина го освои вниманието на целиот цивилизиран свет. И практичниот резултат? Еве го- СВИФТ. Исклучување од глобалната финансиска цивилизација, рече Зеленски.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на телефонскиот разговор со Зеленски рекол дека Анкара прави напори за итен прекин на огнот.

Во соопштението на турското претседателство се наведува и дека Ердоган исто така изразил сочувство за Украинците убиени во руската инвазија на земјата.

Италија ќе ја поддржи Европската унија за санкциите против Русија како одговор на инвазијата на Москва во Украина, вклучително и мерките за глобалниот платен систем СВИФТ, соопшти кабинетот на премиерот Марио Драги.

Драги денеска телефонски разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски, „повторувајќи дека Италија целосно ќе ја поддржи Европската унија за санкциите против Русија, вклучително и за СФИВТ, се вели во соопштението.

Поврзани новости