Зеленски: Ако Русите сакаат преговори, прво треба да престанат да го гаѓаат нашиот народ со проектили

by Fokus

Во својата најнова објава на социјалните мрежи, Зеленски ја обвинува Русија дека продолжува „воздуШниот терор“ против Украина.

„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир – праведен и траен. Ние сакаме оваа војна да заврши. Но Русија не го сака тоа и продолжува со својот воздушен терор.

- Advertisements -

Ако сакате преговори, не пукајте во луѓето со балистички ракети. За Русија да ги запре нападите, светот мора да биде пообединет и посилен“, додаде Зеленски.

Украинската полиција извести дека две лица загинале, а три се повредени во руските напади во регионот на Доњецк во изминатите 24 часа, додека десетици куќи биле оштетени или уништени.

Во одвоен извештај, тие исто така соопштија дека пет лица загинале, а 13 се ранети во јужниот регион Керсон, вклучително и тројца полицајци кои го евакуирале телото на 63-годишен маж убиен во напад со беспилотно летало.

Поврзани новости