Зеленски: Ако Русија одбие прекин на огнот, можеме да сметаме на силни чекори на САД

by Fokus

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека доколку Русија ги отфрли предлозите изнесени за време на средбата на украинската и американската делегација во Џеда, Киев смета на силни чекори на САД за притисок врз Русија.

„Колку што разбрав, можеме да сметаме на силни чекори на САД кон руската страна. Засега не ги знам деталите, но зборуваме за санкции и зајакнување на Украина“, рече Зеленски.

Тој истакна дека на преговорите во Џеда, украинската и американската делегација разговарале за сите важни теми и дека разговорот бил многу конструктивен.

Поврзани новости