Украина направи се што е можно за да не ја вовлече Америка во војна, но ако и се дозволи на Русија да победи, тоа ќе има катастрофални последици за самата Америка, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски пред неговата посета на САД.
Како што рече во интервјуто за „Њујоркер“, доколку Украина не се спротивставеше, Путин ќе продолжи понатаму.
„Прво, околу 40 милиони имигранти би дошле во Европа, Америка и Канада. Второ, би ја изгубиле најголемата земја во Европа – огромен удар за американското влијание на континентот. Русија сега би имала целосно влијание таму. Ќе изгубите сè. Полска, Германија и вашето влијание би било нула“, рече Зеленски.
Тој нагласи дека американската јавност мора да разбере дека самиот факт за постоењето на Украина не е проблем, но истовремено, отпорот на Украина и овозможи на Америка да реши многу други проблеми.
Наместо Украина, Русија би можела да ја нападне Полска или балтичките земји кои се членки на НАТО, а за САД тоа би било „катастрофа, удар под појасот“.
„Во овој случај, сигурно би биле вклучени во војна од целосен размер – со војници на теренот, финансирање, инвестиции и американската економија би тргнала на воена основа. Така да се каже дека сте биле вклучени во оваа војна за долго време едноставно не е вистина: верувам дека ја спасивме Америка од тотална војна“, нагласи Зеленски.
Тој, исто така, рече дека ако поддршката за Украина ослабне, Русија може да „одлучи дека е доволно и да ја нападне Полска, на пример, како одговор на некаква провокација од Белорусија“, пишува Униан, цитирајќи го Танјуг.
„И сега, по две и пол години од вашата поддршка и инвестиција, за што сме многу благодарни, сето тоа можете да го помножите со нула. Америка би морала да почне да инвестира од нула и во војна од сосема поинаков калибар. Војниците ќе се борат против тоа и сето тоа, би додал, ќе донесе огромна придобивка за Русија“, нагласи претседателот на Украина.