„Зелено светло за Северна Македонија и Албанија, нова блокада за Турција“, грчките медиуми за извештајот на ЕК

by fokus

„Зелено светло за Северна Македонија и Албанија, нова блокада за Турција“; „Скопје задоволно од извештајот на Комисијата“; „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија предлага Комисијата“; „ЕК: Да за Албанија- Северна Македонија“; „ЕК: Предупредувања за Турција- „да“ за интеграција на С. Македонија“; „Почеток на пристапни преговори за Албанија и Северна Македонија, замрзнување за Турција предлага Комисијата“, се дел од насловите во грчките медиуми за вчерашниот извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија и препораката за почеток на пристапни преговори со ЕУ.

Дел од онлајн изданија на медиумите во Грција го пренесоа текстот од грчката новинска агенција АНА-МПА, во кој детално и опширно се пренесени изјавите на Хан и Могерини, но и делови од извештајот. Друг дел, пак, се повикаа на официјалното соопштение од ЕК.

-Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија предлага Европската комисија во годишниот извештај за напредокот на Западен Балкан, по договорот со Грција за името и напредокот постигнат во клучните области за реформите, пишува АНА-МПА на почетокот од текстот.

-Според соопштението од Комисијата, Албанија и Северна Македонија ги спроведоа неопходните реформи „особено во областите кои беа карактеризирани како клучни од Советот во јуни 2018“ и „под призмата на значителниот напредок што беше постигнат и исполнувањето на соодветните предуслови, Комисијата му препорачува на Советот да ги отвори пристапните преговори со Албанија и С. Македонија“. Исходот ќе се знае на Советот за општи работи што ќе се одржи на 18 јуни во Луксембург. Таму се очекува да има жестока дискусија меѓу разни земји почеток на пристапниот процес за С. Македонија и Албанија“, пишува весникот „Етнос“.

Поврзани новости