693
Акционерите на градежната компанија „Бетон“ го усвоија предлогот од менаџментот на компанијата чело со Минчо Јорданов да се продаде деловно-административната зграда на компанијата.
Според податоците објавени од Македонска берза, на вонредно собрание на скопски „Бетон“ поминаа и други предлог-одлуки, меѓу кои и продажбата на деловен простор што друштвото го поседува во општина Ѓорче Петров.
Исто така, акционерите гласаа и за одлуката според која „Ре-Медика“ ќе може да му позајми на „Бетон“ 200 милиони денари (3,2 милиони евра).