„Зелена лупа“: Министерството за одбрана постапувало незаконски во случајот со Богојески

by fokus

Здружението „Зелена лупа“ утврдило  низа пропусти и злоупотреби кои укажуваат на јасен случај на мобинг на работно место со цел да се принуди државниот службеник Петар Богојески да поднесе отказ од истото. Тие заклучуваат дека во случајот има еклатантен доказ за незаконско работење на Министерството за одбрана, повреда на Закон за архивско работење, злоупотреба на службена положба и овластување, што е основ и за кривична постапка против лицето кое ја водело.

Од здружението кое врши мониторинг за мобинг и дискриминација врз вработени велат дека по јавното спротиставување од страна на Богојески, спроведена е постапка со која е направена дискриминација по основ на политички убедувања, со која е исполнета целта на мобингот, односно е даден отказ од работно место.

-Станува збор за постапка за дисциплинска одговорност по основ на изнесен став во јавност или познатиот „вербален деликт“ кој треба да е минато во нашата држава. Доколку не се согледаат фактите и оваа постапка продолжи и во втор степен, напоменуваме дека државата ќе биде изложена да исплаќа оштети кон лицето Петар Богојески, врз основа на пресуди на домашни или меѓународни судови, велат од „Зелена лупа“.

Тие додаваат дека второстепениот орган за одлучување при Агенција за административни службеници треба да ги има во предвид сите наведени основи од Европската Конвенција за човекови права, особено член 6 за спроведување на фер постапки, без политичко и друг вид на влијание врз истите, што не е случај во овој предмет со државниот советник Петар Богојески.

Од законските одредби, јасно и недвосмислено произлегува дека за дејствијата кои му се ставаат на товар на државниот службеник Богојески, може евентуално да се одговара во соодветна постапка пред Суд, а не во постапка пред Дисциплинска Комисија за сторен дисциплински престап.

-Во ваков случај на политички активизам, кој на никаков начин не е поврзан со предметот на професионалниот ангажман на административен службеник, НЕ СЕ ПРИМЕНУВА Кодекстот за административни службеници, односно за тоа е надлежен исклучително Граѓанскиот суд, во случај на било каков спор за навреда или клевета.
Спротивно на член 77 став (4), Одговорното лице во МО без Иницијатива и основ донел Предлог за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап од страна на административен службеник бр. 03-6643/3 од 30.11.2021 година, но во истиот поради личен анимозитет и омраза кон Богојески, како припадници на две различни политички опции, на недозволив и сугестивен начин сугерира и им наложува и однапред ги наведува членовите на Комисијата да констатираат дисциплинска одговорност кај административниот службеник Богојески и да се утврдат мерки против него, со што извршил прекршок / притисок врз слободата на убедување и одлучување на самата Комисија, констатираат од „Зелена лупа“.

Тие додаваат дека спротивно на член 77 став (4), Одговорното лице во МО без Иницијатива и основ донел Предлог за покренување на дисциплинска постапка за сторен дисциплински престап од страна на административен службеник бр. 03-6643/3 од 30.11.2021 година, но во истиот поради личен анимозитет и омраза кон Богојески, како припадници на две различни политички опции, на недозволив и сугестивен начин сугерира и им наложува и однапред ги наведува членовите на Комисијата да констатираат дисциплинска одговорност кај административниот службеник Богојески и да се утврдат мерки против него, со што извршил прекршок / притисок врз слободата на убедување и одлучување на самата Комисија.

„Зелена лупа“ од своја страна повикува на итно прекинување на сите дејствија на мобинг и дискриминација на политичка основа кон граѓанинот Петар Богојески, особено поради фактот што тој е изложен на таков вид на притисоци со години наназад, кои продолжуваат во континуитет и ескалираат со отказ на работно место од причини на сторен вербален деликт и различни политички убедувања.

-Го повикуваме Државниот управен инспекторат, Народниот правобранител и Државната комисија за дискриминација да преземе мерки во итна постапка, како би биле запрени сите незаконски и дискриминирачки дејствија против граѓанинот Петар Богојески, особено пред донесување на одлука на второстепен орган и да биде поништена оваа противзаконска постапка, повикаа од „Зелена лупа“.

Поврзани новости