Зелен хуман град: Добиена е битка против градежната мафија во Влае

by Фокус

Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на Зелен хуман град за поништување на одлуката за регулациски план на ГУП за четврт С3 19 во населбата Влае.

Подносителите на иницијативата велат дека со оваа одлука е добиена битката против градежната мафија и според нив значи дека сите претходни активности на основа на овој регулациски план се враќаат на почетна точка и треба да се прават на основа на постоечкиот ГУП.

-Сите знаеме со која брзина се дигаат облакодери, а колку е бавна правдата за обичниот човек. Со оваа предлог-одлука му даваме моќ и надеж на секој граѓанин дека има претставници во локалните совети кои стојат рамо ро рамо со нив, а не наспроти нив – вели Горјан Јовановски од Зелен хуман град.

Иницијативата беше доставена на барање на „Борба за Влае“ , а поддржана со 23 гласа „за“ од советниците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица, ДОМ, ЛДП и Алијанса на Албанците. Воздржани беа советниците од СДСМ.

Според подносителите на иницијативата, регулацискиот план е штетен бидејќи предвидува бетонизација на зеленило и изградба на облакодери , како и „исправање“ на улица која директно би навлегла во училиштето „Димо Хаџи Димов“.

Поврзани новости