Генералниот Секретаријат на Владата ја објави листата на работодавачи кои земале финансиска поддршка за исплата на плати за февруари и март 2021 година, а не ја исплатиле на вработените.
Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, објави дека најмногу плата не исплатиле 61 работодавачи од дејност подготовка на оброци и служење на храна – за 198 вработени во износ од 2.984.871 денари.
Потоа, следуваат 33 работодавачи од дејност трговија на мало, кои не исплатиле плата за 87 вработени во износ од 1.359.389 денари.
Понатаму, 24 работодавачи од дејноста копнен транспорт за 77 вработени не исплатиле 1.163.608 денари, иако користеле државна помош.
Гледано по региони, најмногу работодавачи што не исплатиле плата се од: Скопје – 71, Тетово – 53 и Битола со 27.