Зеќирија Ибрахими е нов претседател на Алтернатива

by fokus

Зеќирија Ибрахими денеска беше избран за нов претседател на Алтернатива. Оваа одлука беше донесена на вонредниот изборен конгрес кој се одржа во Куманово.

Тој рече дека партијата е пред нов предизвик и сега од позиција на власт мора да испорача конкретни резултати и успех во борбата против корупцијата, економијата, промени во образованието, социјалната сфера.

– Тоа се јавни определби. Јас уште еднаш воочив дека ние како партија сега сме во искушение и нов предизвик да покажеме конкретни резултати во Владата, бидејќи не можеме уште да се оправдаме од позиција на опозиција, туку да испорачаме конкретни успеси, борба против корупцијата економски развој, квалитетен социјален живот, особено зборував за неопходноста за измени во образовниот систем, бидејќи според нас сиромаштијата и отсуството на доброто образование се главните виновници за состојбата во која сме сите ние во нашата држава, изјави Ибрахими.

Вонредниот изборен конгрес се одржа откако досегашниот претседател Африм Гаши поднесе оставка од лидерската позиција и беше назначен за претседател на Собранието.

Поврзани новости