530
Пратеникот од редовите на СДСМ, Мухамед Зеќири, преку неговиот фејсбук профил се огласи во однос на вчерашните најави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека партијата ќе го смени односот кон Албанците и меѓународната заедница:
„Груевски најавил нов однос кон Албанците и странците. Нов однос кон Албанците може да има нов лидер и ново ВМРО, а не ова на чело со тебе. Албанците многу добро знаат кој си ти и твојата партија. А странците те поздравуваат со манифестот што го читаше пред ДИК на „ноќта на долгите ножеви“.