Чаир се менува благодарение на Владата предводена од СДСМ и претседателот Заев. Ако споредиме како беше Чаир за време на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ и времето на СДСМ, разликата е голема, рече потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири на вечерашната трибина на коалицијата „Можеме“ во Чаир.
-Нема веќе општина која е запоставена во зависност од тоа кои етнички групи живеат таму. Слушам, Талат Џафери нема собир со граѓани каде не ме спомнува мене, прашувал што сум правел јас? Ќе ви кажам. Јас со СДСМ и Заев, сме направиле многу. Сме членка на НАТО – тоа што за ДУИ остана само еден сон. Ги ослободивме граѓаните од страв, кога вие заедно со ВМРО-ДПНМЕ ги плашевте. Граѓаните се плашеа од тенденциозни акции на полиција организирани во доминантно албанските средини кои на крајот ќе создадат раздор и непријателства, рече Зекири.
Воедно порача граѓаните да не потпаднат на предизборни влијанија.
-Пред два дена во Гази Баба им порачав на административците да не се плашат од опструкциите што ДУИ им ги прави. Сега слушам и функционери на ДУИ им опструираат на граѓаните. Нема да спомнам имиња, но знаете кои сте. Вашите функционери, Ејуп Халими и Исмет Гури ќе одат во затвор затоа што правеа изборен криминал. Оставете ги граѓаните сами да одлучат, подвлече Зекири.