Зеќири: СДСМ за хаосот на Онкологија бара оставки од директорите на Клиниката, од Клековски и од Таравари

by Fokus

„Човечки животи се загрозени поради катастрофалниот недостиг од биолошка терапија на Клиниката за онкологија и радиотерапија.

Пациенти од целата земја, чии животи директно зависат од оваа терапија, веќе седум дена се оставени без неопходниот лек.

СДСМ бара одговорност од директорите на Клиниката за онкологија, од директорот на Фондот за здравство и од министерот Таравари за оваа хуманитарна катастрофа којашто е директен резултат на неодговорноста и неорганизираноста на актуелната власт.

Мора да има одговорност за ова што се случува на Онкологија. Неспособноста на власта е животно загрозувачка.

Неприфатливи се било какви изговори или оправдувања од власта за некакви административни процедури, зголемен број пациенти, непланирано вклучување, промени во набавките, недоволен буџет.

Целата одговорност е во оние кои управуваат и менаџираат со Клиниката и со здравството.

Нема изговори кога се работи за човечки животи.

Факт е дека не си ја завршиле работата за којашто се платени. Не бил преземен соодветен план за навремена набавка на лековите, не бил направен систем, не бил направен регистар и животите на онколошките пациенти се доведени во опасност.

Ова што се случува едноставно не нормално. Не може Владата да купува авион од стотина милиони евра а решението за лекови на Онкологија го бара преку донации.

Ги повикуваме директорите на Клиниката, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашко Клековски и министерот Таравари да си поднесат оставки и со тоа да покажат одговорност“ рече денеска на прес-конференција Белкиса Зеќири, член на Извршен одбор на СДСМ.

Поврзани новости