Зекири: Партиската припадност никого не амнестира!

by fokus

Пратеникот Мухамед Зекири, по вчерашниот Централен одбор на СДСМ, истакнува дека партиската припадност никого не амнестира. Нејасно е дали неговиот став има врска со неодамнешната акција на Обвинтелството за организиран криминал и корупција, „Рекет“, за која се шпекулира дека е можно да опфати и двајца пратеници.

-ЦО на СДСМ, во проширен состав, во присуство на министри, заменици министри, пратеничката група, градоначалници, претседатели на ОО, СДММ, едногласно ја донесе Декларацијата за бескомпромисна борба против криминалот!

Партиската припадност никого не амнестира!, напиша Зекири на фејсбук.

Поврзани новости