Зеќири останува во притвор во „Шутка”

by fokus

Доскорашниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, останува во притвор во истражниот затвор „Скопје”, бидејќи денеска Кривичниот совет го потврди решението на судијата на претходна постапка.

-Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција,
постапувајќи по жалба на одбраната на осомничениот М.З. во однос на
решението на судија на претходна постапка, денеска одржа јавна седница
во присуство на странките, по која ценејќи ги фактите приложени во
жалбата, донесе решение со кое го потврди решението на претходна
постапка со измени во основите кои постојат за определување на мерката
притвор, велат од Кривичниот суд.

Поточно, советот ја укинал точката 3, односно можноста осомничениот Зеќири да го повтори делото, но не ја променија одлуката и не му одредија поинаква мерка.

-Односно, советот го преиначи решението на претоходна постапка на начин
што ја укина точна 3 од чл. 165 ст.1, односно можност обвинетиот да го
повтори делото, велат од Судот.

Обвинителството во петокот информираше дека е отворена истрага против генералниот секретар на Владата, Зеќири и двајца хрватски државјани, за наводна штета на буџетот од речиси милион евра. Поточно истрагата е отворена поради сомнеж за незаконски договор за консултантски услуги, кој се однесувал на приватизација на Македонски Пошти.

В.В.

Поврзани новости