Зекири најави кривична против Антонио Милошоски за издавање на државна тајна

by fokus

Скандалозниот настап на пратеникот Антонио Милошоски на Комисијата за надворешни работи и однесувањето на претседателот Ѓорге Иванов е директно на штета на интересите на државата и на нејзините граѓани. Милошоски, со тоа што изнесе детали од Извештај од лидерска средба, кој го добил од Кабинетот на претседателот, а кој е класифициран како државна тајна, директно го прекрши членот 317 од Кривичниот законик, изјави денеска на прес конференција пратеникот на СДСМ, Мухамет Зекири.

Како што рече тој Милошоски бил предупреден и од претседателот на Собранието Талат Џафери дека станува збор за државна тајна, која не смее да биде јавно споделена.

-Јавноста треба да знае дека Милошоски од 2015 година не поседува безбедносен сертификат за државна тајна, поради што не може и не смее да има пристап до такви информации. Поради тоа Милошоски немал право да го бара тој извештај, а Кабинетот на претседателот не смее да го даде Извештајот на пратеник кој што нема безбедносен сертификат. Од тие причини, против Милошоски и против тој што му го доставил документот ќе поднесеме кривична пријава за оддавање државна тајна, врз основа на член 317 од Кривичниот законик – изјави тој.

Според него Член 317 од Кривичниот законик е дециден и јасен:

(1)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе соопшти, предаде или стори достапна државна тајна што му е доверена, ќе се казни со затвор од една до десет години.

(2)Тој што на јавноста или на неповикано лице ќе му соопшти, предаде или стори достапни податоци или документи за кои знае дека се државна тајна, а до кои дошол на противправен начин, ќе се казни со затвор од една до пет години.

-Морам да напоменам дека од осамостојувањето на Република Македонија до денес не се случило вакво неодговорно однесување и флагрантно кршење на законите од страна на избрани функционери, посебно од страна на претседател на држава и претставник на политичка партија – рече Зекири.

Поврзани новости