625
Мухамед Зекири од СДСМ во вечерашното гостување на ТВ 21 демантираше дека сакал да биде носител во шестата изборна единица.
-Јас ниту сум изјавил дека сакам да бидам носител во шестата изборна единица, ниту нешто сакам. Органите на партија ќе ги одредат носителите. Што се однесува до Билал Касами, можно е тој да биде носител во шестката.
Се уште носителите не се утврдени, рече Зекири.