415
Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, во синоќешното гостување на „Само вистина“, упати силни критики кон екс-премиерот, Никола Груевски за неговото бегство, оставајќи ги на цедило сите обвинети.
„Кукавицата Никола Груевски правдата може да ја докаже само во Македонија, каде и е државјанин. А не во друга земја. Правдата не може да ја докаже бегајќи, каде што избега и ги остави на цедило сите обвинети во случаите кои се водат во македонските судови“, рече Зекири.