420
Раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба да излезат од матрицата на Никола Груевски и јасно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или се против, порача денеска пратеникот на СДСМ, Мухамед Зеќири.
„Изборот е јасен, одлуката е: или ЕУ и НАТО или изолација и неизвесност.
Ако се ЗА ЕУ и НАТО сега е моментот кога треба да се откажат од барањето амнестија за Никола Груевски и неговите соработници и да ги повикаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните во Собранието.
Никогаш претходно во последните 20 години ниту една полтичка идеја не добила толку голема поддршка од граѓаните. Над 600.000 граѓани упатија јасна порака дека се за иднина во ЕУ и НАТО“, додаде Зеќири.