Тоа што го направивме вчера е заслуга на сите 80 пратеници што гласаа за Законот за ЈО, кој ќе овозможи предметите што беа покренати од СЈО да останат живи и тие што треба да одговараат да одговараат за се што направиле во тие 11 години додека беа на власт“, изјави потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири во Утрински брифинг на „Слободна ТВ“.
-Илија Димовски трчаше кај секој пратеник кај што мислеше дека може да влијае и да врши притисок да не се гласа. Тоа не го правеа само кај исфрлените пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тоа го правеа и кај ДУИ. Со секој изминат ден притисокот растеше врз тие пратеници, но сите беа свесни што треба да прават и не подлегнаа под притисоците – изјави Зеќири.
Тој додаде дека законот за ЈО е изработен во консултација со експерти од ЕУ и САД.
-Ние сме убедени дека се обезбедени сите предмети што беа покренати од СЈО. За спорниот член 110, зад кој се дигна прашина, јасно да кажам дека предметите не се губат. Ако е некој за правда зошто им пречеше овој закон? – праша Зеќири.