Зекири: И ВМРО-ДПМНЕ немаше ветено дека ќе донесе амнестија за 2001, па донесе

by fokus

Пратеникот Мухамед Зекири од СДСМ во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека пратениците го имаат добиено легитимитетот од граѓаните за да носат и тешки одлуки.

-Имаме или не мнозинство, јавноста ќе знае во петок, кога се очекува и да заврши дебатата. Ако пратениците немаат легитимитет, тогаш кој има? Ние имаме добиено доверба од граѓаните и да носиме тешки одлуки. И ВМРО-ДПМНЕ немаше ветено дека ќе донесе закон за амнестија за 2001, ама кога дојдовте на власт го донесовте. На кој начин ќе влеземе во НАТО, ако не го исполниме Договорот?, рече Зекири.

Поврзани новости