Зекири и неговото семејство го победија корона вирусот: Не посакувам никој да помине низ тоа што поминавме ние!

by Fokus

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, заедно со неговото семејство ја победија опасната зараза – Ковид-19.

Ова тој го соопшти преку својот профил на Фејсбук, додавајќи дека тие кои не веруваат дека вирусот не постои, крајно време е да се освестат.

„Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на Инфективната клиника. На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐуште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе!“, напиша тој.

Поврзани новости