Зеќири: Главен брифер на Тимоние е Синиша Алексовски, советникот на Иванов

by Фокус

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зеќири, во вчерашната дебата на ТВ 24, изјави дека разузнавачот Синиша Алексовски, кој му беше советник за национална безбедност на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, бил главен брифер на францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

-Убедени сме дека Франција многу брзо ќе ја поправи грешката. Косово и Србија не се проблем. 27 членки кажаа дека ова е историска грешка. Мене ми е жал што главен брифер на Тимоние е човек кој е вмешан во многу спорни моменти наназад, а тоа е Синиша Алексовски кој беше советник за безбедност на Иванов – рече Зеќири.

На вчерашната прес-конференција, Тимоние ја бранеше одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон да не и дозволи на земјава почеток на преговори со ЕУ бидејќи, како што кажа францускиот амбасадор, Париз смета дека од една страна треба да се измени методологијата на преговори, а од друга страна државава не е на потребното реформско ниво.

Поврзани новости