Зегин Ортопедик со донација за Универзитетската клиника за детски болести

by fokus

Денеска на  онколошкиот оддел при Универзитетската клиника за детски болести беа донирани детски тоалетни колички за капење. Донацијата ја додели Зегин Ортопедик како дел од Зегин групацијата.

Со оваа донација ќе се олеснат условите за престој на најмалите пациенти на овој оддел. Донацијата ја прими Директорката на детската клиника- Аспазија Софијанова, која се заблагодари за хуманиот потег на Зегин Ортопедик во името на целиот тим од онколошкиот оддел предводен од проф. д-р Светлана Кочева.

Хуманата мисија и понатаму продолжува да биде еден од приоритетите на компанијата Зегин која ги поддржува и своите вработени, секогаш кога е потребно. Конкретно, оваа донација  беше иницирана од родител, дел од семејството на Зегин, чие дете престојуваше на овој оддел.

ПР текст

Поврзани новости