ЗЕГИН: “Хуманоста и општествената одговорност и понатаму се нашите приоритети! “

by Fokus

Во изминатиов период компанијата Зегин продолжи со активности со кои ја продолжува традицијата на општествено одговорна компанија. И месец октомври поминува во знакот на хуманоста. Од 20.10-22.10.2021 година во Скопје се одржа Регионалната научна конференција “Предизвиците на децата со канцер и Ковид 19” во организација на Здружението за подобро здравство, образование и социјална грижа САНО, а во име на децата- херои Станува збор за конференција на која што присуствуваа стручни лица (лекари, онколози, психолози, социјални работници) и претставници на здруженијата кои воедно се и млади излечени од канцер, од територија на сите поранешни Југословенски републики (Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина).

Целта на оваа конференција е споделување на искуства за нивната работа во полза на канцер пациентите во време на ковид 19, како и подигнување на свеста во јавноста за зголемување на бројот на заболени од оваа болест. Конференцијата беше поддржана од Министерот за здравство Венко Филипче. Компанијата Зегин беше дел од оваа конференција во улога на општествено одговорна компанија која секогаш ги препознава искрените напори за помош и дава несебична поддршка за нивна поуспешна реализација со која би се овозможила подобра и поквалитетна нега на оние на кои им е најпотребно.

Тука е и здружението “Кокичиња” на кои исто така им се помогна со донација од потребни производи. Поддршка беше дадена и за спортски настани- Зегин ја даде својата несебична помош и во Атлетската трка “23 Октомври” која традиционално се одржува по повод Денот на македонската револуционерна борба. “И не застануваме овде, продолжуваме понатаму со хуманост, поддршка и пријателства, бидејќи тоа е клучот за успех и доверба”- велат од компанијата Зегин.

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости