691
Како општествено одговорна компанија, Зегин секогаш се вклучува и помага онаму каде што е најпотребно. Дониравме инвалидски колички на Клиниката за Пулмологија и Алергологија.
Донацијата која е наменета за пациентите и олеснување на текот на работата на клиниката ја прими Директорот, Проф. д-р Дејан Докиќ, кој и овој пат се заблагодари за соработката со Зегин, која премина во традиција.
Како што истакна и самиот професор, заедно се трудиме да го обезбедиме она што е потребно на пациентите, бидеќи нивното здравје е најважно, а компанијата Зегин секогаш излегува во пресрет на барањата на нашата клиника.
Ќе продолжиме да се грижиме и секогаш ќе излеземе во пресрет, како и досега, на оние на кои навистина им е потреба помош, истакнаа од Зегин.