633
По повод 8 Април, Светскиот ден на Ромите, сопственикот на компанијата Зегин- господинот Благојa Механџиски додели донација од 4000 детски визири за здравјето на децата од основните училишта ,,Браќа Рамиз и Хамид” и ,, 26 Јули”, како и за најмалите од градинката ,,8 Април” од општина Шуто Оризари.
Донацијатата ја примија директорите на основните училишта, а присуствуваше и претставник од општината Шуто Оризари, како и господинот Зоран Димов – Претседател на Интернационалната Ромска Унија- IRU и координатор на мрежа за трајни системски решенија. Како што истакна претставникот од Зегин, господинот Благоја Мехнџиски и понатаму ќе продолжи да помага онаму каде што е потребно, со надеж за што побрзо справување со пандемијата.
ПР