851
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, пилотирајќи со спортски воздухоплов го донесе Благодатниот оган од Ерусалим и му го предал на МПЦ-ОА пред големиот христијански празник Велигден.
Благодатниот оган од Ерусалим преку Атина со благослов од Грчката Православна Црква пристигна до Скопје каде го доби МПЦ Охридска Архиепископија, а вториот пилот кој управувал со спортскиот авион на Аеро клубот Скопје е Дејан Саздов.
Фотографиите беа објавени на социјалните мрежи.