1.9K
Поранешниот директор на Паркинзи Центар, Вангел Андрески, ќе биде нов организациски секретар на СДСМ.
Како што неофицијално дознава Фокус, Андрески бил избор на новиот генерален секретар на партијата Миле Зечевиќ, кому партискиот лидер Димитар Ковачевски му остави одврзани раце да го избере организацискиот секретар.
Инаку, за вечер е закажана седница на Централниот одбор на социјалдемократите, на кој, како што веќе објавивме, Стефан Богоев ќе биде предложен за четврти потпретседател на партијата, откако веќе претходно е одлучено другите 3 потпретседателски места да ги заземат Фатмир Битиќи, Перо Костадинов и Бисера Костадиновска-Стојчевска.
В.С.