Моќна е пораката на германскиот Бундестаг, една од најголемите и најсилни европски држави застана зад нас, ни даде поддршка на европскиот пат и ги потврди признанијата на македонскиот идентитет, јазик, култура и посебност, изјави генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ од Струмица.
-Ова е потврда на државничките политики на СДСМ, но и на сето она што го говориме веќе подолг период. Со мудрост, со вистински чекори и политики обезбедуваме поддршка во самата Унија и признание за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој резултат го носи современиот патриотизам и македонизам – рече Зечевиќ .
Според него, сега имаме историска шанса која, како што рече, мораме да ја искористиме, да го продолжиме патот кон Европа и да го обезбедиме македонскиот идентитет, вграден во европскиот.
-Затоа уште еднаш ја повикувам ВМРО-ДПМНЕ да продолжиме со дијалогот, да одредат тим, да застанеме рамо до рамо, да разговараме и заедно да ја донесеме историската одлука. Тоа им го должиме на граѓаните, на сегашните и на идните генерации – рече Зечевиќ.