Здружението за ретки болести алармира за недостиг на лекови, Министерството тврди дека нема стигнато ниту една реакција

by jadranka 22:44
22:44

Претседателката на здружението „Живот со предизвици“, Весна Алексовска, денеска излезе пред Министерството за здравство со транспарент „Фалат лекови“, откако пациенти со ретки болести останале без неопходната терапија. Иако надлежните тврдат дека процедурите се во тек, од здружението велат дека доцнењата директно го загрозуваат здравјето на болните.

Алексовска истакна дека ова не е протест, ниту е таму за да добијат одговори, туку, како што кажа „за да ги потсетам дека нема да седиме и да молчиме и да се надеваме“.

„Како што ветивме за секој пациент кој ќе снема терапија ќе сме тука. Континуитетот на терапија значи живот. Дајте ни достоинствен живот. Не со ветувања туку со системски решенија. Иако под Министерство викаат дека има терапија тоа значи дека е нарачана дека потпишале анекси.

Да се разбереме нарачано и стигнато не е исто“, вели таа.

Слични вести