Здружението за правата на лицата со посебни потреби викендот ќе го поминат со шатори во Жена парк,

by Fokus

Здружението кое се бори за правата на лицата со посебни потреби „Пет до 12“ и овој викенд ќе го поминат со шатори во Жена парк, со цел да ја зголемат свеста кај надлежните институции за ситуацијата во која се наоѓаат лицата со посебни потреби.

Тие последниот месец собраа над 30 илјади потписи од граѓаните и на иницијативата и се приклучија повеќе од 30 здруженија.

Од таму велат дека ќе бидат формирани работни групи кои ќе работат на Законот за правата на лицата со посебни потреби, кој ќе биде доставен до новата влада.

 

Поврзани новости